Денес во попладневните часови е донесено лице од затворот во Шутка кое било донесено за медицински преглед. По приемот во ургентниот центар дежурната екипа детално извршила преглед, изјави директорот на ГОБ 8 септември, Христијан Костов.

Тој нагласи дека Јанакиески ќе биде под медицински надзор.

Откако се завршија сите прегледи се донесе заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди. Но, заради анамнестичкиот податок дека лицето било ударано по телото препорачано е од екипата 24 часовен надзор од страна на медицинско лице во установата од кое е донесено“, изјави Костов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.