Нова подмладена кадровска понуда, силна борба со корупцијата, охрабрување на различното мислење и поттикнување и мотивација на граѓаните ќе бидат главните столбови на новата политичка акција на СДСМ, рече Зоран Заев на отворањето на 26 конгрес на партијата.

Во новиот СДСМ портпаролот и пратеник Коста Костадинов беше избран за член на највисокото раководство на СДСМ.

Огромно благодарам на членовите на СДСМ, на централниот одбор, на најсилната СДММ со претседателот и мој добар другар Марко, на мојот координатор Јован, генералниот секретар Љупчо, заменичката-претседателка и моја многу добра другарка Сања, на претседателот Зоран Заев кој е мој учител и пример за политичар, но и пример за тоа што значи да се биде човек.

Денес СДСМ покажа дека е поединствена, сплотена и поорганизирана од кога било досега.

Да се биде член на извршниот одбор само по себе значи огромна одговорност и огромна чест, од дното на срцето ви гарантирам дека таквата доверба како и досега ќе ја оправдам.
Се залагав и ќе се залагам како член на највисокото партиско раководство дека посветено ќе работам за доброто на граѓаните, за афирмација на социјалдемократските вредности, за сите мои струмичани кои несебично веруваа и веруваат во моите постапки.

На следните избори како и на претходните СДСМ ќе направи уште една огромна победа, како што ви ветив и на претходните, вмровското лавче во Струмица уште долго ќе мјаучи!
Благодарам СДСМ, благодарам Струмицо моја!

До конечна победа✊

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.