ВМРО-ДПМНЕ сѐ повеќе наликува на грчка Златна зора, шири омраза и поделби, рече денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ Коста Костадинов.
ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник 8 септември – Денот на независноста. Посветена на одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не испрати делегација на оддавањето почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажаа непочит кон државата, кон историјата, кон денот на независноста и кон првите двајцата македонски претседатели, рече Костадинов.
Тој ја обвини опозициската партиза и за инцидентот во Мелбурн.
Последен пример за тоа е палењето на сликите на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Австралија. ВМРО-ДПМНЕ и нивната реторика се директни поттикнувачи на вакви срамни инциденти.
Костадинов рече и дека се докажало дека единствената мисија на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот, ширење поделба и омраза помеѓу граѓаните и оддалечување на државата од ЕУ и НАТО.
Полека но сигурно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се претвораат во грчката Златна Зора. Наместо да се приклучат кон процесот за обезбедување на сигурна иднина за земјата тие разгоруваат национализам и потхрануваат лажни очекувања кај своите гласачи. Република Македонија оди напред како едно општество за сите, без разлика колку и тоа да е неприфатливо во белиот дворец, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.