Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов поканет во емисијата „360 степени“ на Алсат, апелира сите избрани пратеници да не ги трујат граѓаните со политички пазарења за теснопартиски интереси, туку наместо тоа, да им понудат на граѓаните вистински напредок, пишува Алсат.

„Сите пратеници треба да бидат на чело, да не се дозволи девалвација на пратеничката функција во ова општество. Затоа, сметам дека во овој момент, во оваа ситуација, секој избран од народот треба да биде на чело на Собранието. Тука ги вклучувам сите пратеници и на опозицијата и на власта. Затоа што во случај, да се вратиме во минатото, видовме многу несоодветни слики, затоа треба сите да бидеме на ниво и да разговараме, како што разговараме цивилизирано и да понудиме вистински напредок на граѓаните. Не можеме да ги труеме граѓаните со политички пазарења за теснопартиски интереси“, рече заменик-претседателот на СДСМ Перо Костадинов.

Веднаш реагираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој директно праша дека со кое право Талат Џафери ги затвора пратениците во салата?

„Многу го почитувам тоа што го кажавте, но Талат Џафери не може да нè затвори во салата, кој е тој за да нè затвори?“, реагираше Мисајловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.