Поранешниот премиер Никола Груевски демантираше дека сопсвеникот на фирмата „Еко клуб“ е негов близок соработник како што денеска обвини портпаролот на СДСМ, Костдин Костадинов.
Портпаролот изјави дека „бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ, го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла без при тоа да го обработи и уништи на соодветна машина што е надвор од прописите и договорите“.
Таквиот отпад иако не смеел, го носел во дпонијата Дрисла бидејќи тоа му го овозможуал
уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ, рече Костадинов.
Груевски за посоченото лице вели дека не само што не бил негов соработник туку и дека воопшто не го познава.
Сепак, најсмешниот дел во целата ситуација е што СДСМ изгубени во времето и просторот, мене и ВМРО-ДПМНЕ не прогласуваат за виновни за нешто што ним како власт им се случило откако се три години на власт. Нешто што не се случило во минатото а се случило сега-пишува Груевски во статусот на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.