Пратеникот од СДСМ од Струмица, Kостадин Костадинов денеска на социјалната мрежа фејсбук објави дека за време на неговиот мандат како пратеник не потрошил воопшто народни пари ниту за патни трошоци, ниту за службен телефон, ниту за запуп на стан.

„Искрениот пристап кон вас што ме плаќате продолжува и никогаш нема да се смени дури ја имам честа од вас граѓаните на Струмица да бидам во политиката. Во овој мандат Коста Костадинов има потрошено од парите на граѓаните.

Нула денари за патни трошоци!
Нула денари за службен телефон!

Нула денари закуп за стан!

Ако се сака се може“, напиша на фејсбук пратеникот од СДСМ Коста Костадинов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.