Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ на Фејсбук објавува дека видеата што утринава ги објави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски се стари.

Гледам Наум Стоилковски го открил Фејсбук, па стари објавени видеа ги продава како голема вест. Очајно. Кога немаш програма, немаш понуда за граѓаните ништо друго не им останува на изгубените од ВМРО-ДПМНЕ освен лажни вести. За рекет и Зоки Кичеец го утнал човекот, нека провери тоа со Мицкоски, тој му даваше задачи да одработува за ВМРО-ДПМНЕ, знае јавноста.

Добро знаеме сите чија професија е рекетарството, кога сеуште сте во прегратките на Груевски и Мијалков.

Од друга страна ќе пробам да го разберам комплексот на вмро дпмне.
Тешко е кога нема кој да те викне во ресторан, па фрустрациите ги лечиш со нормалноста на луѓето, пишува Костадинов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.