Оваа изборна кампања, повторно јасно и прецизно ја покажа разликата меѓу СДСМ и коалицијата Можеме и ВМРО-ДПМНЕ, порача на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Од една страна е нашиот концепт што води напред, нашата Програма и понуда, нашите решенија за граѓаните, кои се темелни, јасни и целосно разработени, а од другата страна имаме само црнила, без концепт, без визија, само понуда за обнова на режимот, обнова на поделбите, рече Костадинов.

Според него, во изминатите три години ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги потценуваат граѓаните, не ги знаат нивните проблеми, не ги интересираат нивните потреби.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ со која Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ толку се фалат во суштина не е ништо освен лоша содржина, полна со небулози, нереални проекти и лицемерни и задоцнети ветувања, порача Костадиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.