Срушени се сите клевети на ВМРО-ДПМНЕ дека се распродавал македонскиот идентитет, потопени се сите лаги на Христијан Мицкоски дека се распрачувала нашата татковина.

Македонскиот идентитет не е распродаден туку е сочуван, а нашата држава не е распарчена како што хистерично лажеше Мицкоски.

Додека ние работевме за граѓаните и ги браневме државните позиции, европската иднина и македонскиот национален идентитет, Мицкоски смислено и оркестрирано ширеше хистерични лажни вести и клевети поткопувајќи ја државната позиција.

Пред само неколку денови Мицкоски на собир за одбрана на својата фотелја лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата.

Клеветеше дека се распродава идентитетот, дека се тргува со антифашистичкиот темел на нашата држава, ширеше лажни вести, поттикнуваше говор на омраза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.