Градоначалникот на Струмица изврши увид во јавното претпријатие „Комуналец“, каде што имаше средба со раководството и вработените, со кои разговарале за моменталната состојба на претпријатието за исполнувањето на обврските и испорачувањето на квалитетни услуги кон граѓаните.

Со ред и дисциплина, можеме уште повеќе и уште подобро за почиста и поубава Струмица. Вака, рано утрово, се договоривме со раководството и вработените во ЈПКД „Комуналец“.
Работниот ден го почнав таму за да видам како се организираат за денешните работни задачи, но и поразговаравме за моменталната кондиција на претпријатието во исполнувањето на обврските и испорачувањето на квалитетни услуги кон граѓаните.

Како единствено јавно претпријатие коешто се грижи за чиста и квалитетна вода за пиење, за отпадните и атмосферските води, отпадот, за одржување на јавната чистота и зеленило, за пазарите и градските гробишта, има потреба од проширување и модернизирање на механизацијата за поефикасно извршување на сите услуги во корист на граѓаните.

Ја давам мојата максимална поддршка и помош за чиста oпштина, здрава вода за пиење и квалитетно уредени и одржувани зелени површини, но и со висока свест за одржување на чистото околу нас – порача Костадинов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.