Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, порачува дека Струмица е и ќе остане родова сензитивна Општина.

Костадинов вели дека и мажите и жените активно учествуваат во локалното управување и одлучување.

Но, мора да го зајакнеме учеството на жените во овие процеси. Да ја подигнеме нивната самодоверба, слободно и без предрасуди, да го изнесат своето мислење и да влијаат на квалитетот на управување и донесување одлуки во нивните заедници.

 

Денеска потврдивме дека тоа го сакаме и можеме.

 

Во соработка со Организацијата на жените од Струмица, со моите сограѓанки од три заедници, населените места Дабиле и Добрејци и 6-та урбана заедница, разговаравме и баравме решенија за проблеми со кои тие се соочуваат во нивното место за живеење. Се договоривме, проблемите ќе ги решиме во новата буџетска година.

 

Ги охрабрив да бидат погласни и поодлучни. Жените секогаш ќе ја имаат мојата поддршка. Во мојот градоначалнички мандат ќе се залагам за рамноправна застапеност на жените во раководните структури во општинските институции 50-50, развој на женското претприемништво и формирање на здружение на бизнис жени.
Од срце за жените на Струмица – порачува Костадинов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.