Зоран Заев се спореди со Борис Џонсон и со Макрон, за цела година на наседнување на пранкерите: Сега Костадин Костадинов, неговиот ученик, се споредува со Чарлс Гарет, амбасадорот Гарет! Фатени до гуша во афери и криминални скандали, цела врхушка на СДСМ и на Владата фатени во рекетарски октопод сега се перат дека немале поим за што станува збор! Така е тоа кога ментор и лидер им е аболициран криминалец. Ова на денешната прес-конференција го посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Костадин Костадинов е дел од таканаречената невладина во која активно членуваат половина влада и цело раководство на СДСМ. Откако се појави рекетот на виделина овој тенисерски тим заборави на изјавите давани претходно. Костадинов мора да даде прецизен одговор, дали го злоупотребил своето влијание како пратеник, портпарол и помошник на Заев, но и поранешен градоначалник на Струмица, за остварување на корист на ова рекетарско здружение?

 

Костадинов има изјавено:

 

„Се чувствувам исклучително среќен и горд поради одлуката на Меѓународниот сојуз – Скопје, да бидам прогласен за негов почесен член, а особено сум горд што како општина Струмица имајќи го во предвид нашиот слоган, „Секогаш први“ си застанавме и цврсто стоиме на зборот, токму јас прв во оваа држава како градоначалник на општина Струмица, да бидам почесен член на овој Меѓународен сојуз, ви благодарам Боки. Покритието за таа моја надеж лежи во фактот што на функцијата в.д. градоначалник дојдов како наследник на долгогодишниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, кој на дело покажа дека е вистински урнек“.

 

Урнек, аболициран криминалец!

 

Па Костадинов понатаму вели:

 

„Првичната соработка со господинот Јовановски, веќе вроди со плод, па чинам дека сме на добар пат, да ги ставиме своите потписи на најавениот меморандум за соработка помеѓу Меѓународниот сојуз и општина Струмица, на взаемно задоволство, а пред се на задоволство на оние на кои што ќе им бидат најпотребни плодовите од таа соработка“, вели портпаролот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.