Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов станува извор на лажни вести. Тој денеска објави нова лага   дека постои наводен огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан дека шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Тоа е една голема невистина бидејќи извештајот на ЕУ е со највисоки оценки на мониторинг мисијата во Азербејџан.
Костадинов изнесе уште една лага дека во интервуто на Герлад Кнаус бил споменат Николоски но тоа  никаде не се споменува.
Николоски денеска беше јасен дека во изјава дека станува збор за комплетна невистина и дека самата ЕУ највисоко без забелешки ја оцени работата на мисијата во Азербеџан што може да се види и од извештајот на

СДСМ падна многу ниско и мора да измислуваат работи, бидејќи не знаат поинаку, а клеветат како нарачка од причина што Заев нема одговори на моите прашања, поврзани со рочиштето.

Тој потенцира дека овие обвинување на СДСМ се класична монтировка бидејќи неговото име никаде не се споменува во интервјуто на Гералд Кнаус, на кое СДСМ се повикува и посочи дека со вакви клевети СДСМ ги навредува и меѓународните институции како што е Советот на Европа.

– Она што можам да го кажам е дека јас бев потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, највисока функција која што било кој пратеник од Македонија било кога ја имал, сум бил член на бројни мониторинг мисии во соседството како Бугарија, БиХ, Азербејџан и бев шеф на оценска мисија, за референдум од 2016 година, мисија која имаше тешка задача таму, но извештајот го усвои целокупното Парламентарно Собрание на Советот на Европа, и истиот беше цитиран од страна на ЕУ и ЕК што говори за кредибилитетот. Се друго се инсинуации и измислени работи и треба да почнат да внимаваат затоа што навредуваат врвни европски политичари и институции од типот на совет на Европа каде што Македонија е членка. СДСМ треба да се малку повнимателни заради меѓународниот углед на Македонија, истакна Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.