Потпретседателот на СДСМ по лидерската средба во вилата Водно на Фејсбук напиша дека на сите млади СДСМ ќе им даде шанса да си ги исполнат своите соништа во Македонија.

Дедо ми триесет години живееше во странство за да обезбеди подобар живот за својата фамилија.
Татко ми седум години беше во странство за да обезбеди подобар живот за мене и сестра ми.
Сестра ми веќе 15 години не живее во Македонија.
Јас 11 години се борев низ светот пред да се вратам дома во 2010.
Сакам на ќерка ми и на сите млади да им ја дадеме шансата да си ги исполнат соништата, тука во Македонија. Знам и верувам дека можеме! Ова е моја и наша должност!

Храбро напред! Се гледаме на врвот на 12 април, напиша потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.