По ослободувањето од полицијата, албанската новинска агенција ИНА (Ilirya News Agency), направи интервјуто со еден од четворицата Албанци кои вчера предизвикаа огромен скандал со поставувањето на големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид, пренесува „Лидер“

Полицијата излезе со официјална информација дека се работи за играорна група, но од видеото се гледа дека не се работи само за играорци, туку за албанска група со назив „Арбреши”, која има за цел создавање на Голема Албанија.

Оваа екстремистичка група, во Охрид и Струга била за да прослави годишнина од некакви битки на Скендербег, а како што вели нејзиниот лидер Ѓерѓ Прекоцај од Ѓаковица, тие ова го направиле затоа што се на нивна земја и Охрид е албански град.

Господ ни ги дал нас овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме,вели Прекоцај за ИНА и додава дека на Самоиловата тврдина вакво време се веело во времето на Скендербег.

Инаку, посетата на Охрид од страна на оваа екстремистичка група е помеѓу двата кругови на локалните и претседателските избори во градот.

Како што се шпекулира во јавноста, тие се дојдени по повик за да го направат овој потег и со тоа да обезбедат поддршка на локалните албанци во Охрид за кандидатот на власта, Костадин Георгиевски, кој ветува дека ќе го легализира огромното минаре кое се гради во градот во замена за албански гласови.

Во прилог, видео на албански од интервјуто на Прекоцај за ИНА, целосниот превод на македонски јазик тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.