Петар Младеновски од „Суперхикс“ се приклучи на острите реакции од јавноста по денешното интервју на Зоран Заев.

Како како??? Заеднички војски ја ослободувале Паланка, Куманово и тој регион? Ај уште еднаш да слушнам???
Тошо Куковски подолу од текстот ми е дедо, на баба ми Слоботка – брат. Затрелан е во борба а коските никогаш не му се најдени за достојно да биде закопан. Според исказите на баба ми или е фрлен некаде или е изеден од диви свињи или сл.

 

„Нападот на Кратово на 25-ти Април 1944 год. во раните утрински часови ги изненади граѓаните, го гледаат нападот и даваат подршка на борците, кои ја напаѓаат бугарската единица сместена во училиштето во центарот на градот, всушност тој напад на Кратово е почеток на воено-политичката победа над окупаторот во источниот дел на Македонија, интензивирање на борбата во Македонија, јакнење на моралот на граѓаните и вербата во конечната победа.
По повод 25-ти Април Првото ослободување на град Кратово во понеделник (25.04.2016 година) се одбележуваат 72 години на овој значаен историски настан, настан кој започнува во 10 и 30 часот со полагање на цвеќе на спомен бистата на Павел Шатев, Јове Гичев, Тошо Куковски и на спомен – костурницата во градот”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.