Актуелен министер и еден советник на премиерот Заев се дел од најновата корупциска афера која ја најави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Веќе неколку денови на социјалните мрежи можат да се видат објави со имињата на двајцата високи функционери, но засега на Твитер не се објавуваат транскрипти, видеа или аудија за скандалот за кои се вели дека ако се појават и се докажат наводите за корупција би можеле да предизвикаат катастрофа во односите со ЕУ и трајно да го одложат датумот за преговори.
Според информациите на социјалните мрежи двајцата високи функционери биле дел од владино тело кое одлучувало за распределба на европски пари при што дозволиле со доделување средства за несоодветни организации и лица да се сторат низа нерегуларности спротивни на македонските закони и европските процедури.
Владата од страна на ескперти била предупредена дека во случајот се прави криминал, но од таму тие што пријавиле не добиле никаква реакција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.