Македонија на актуелната листа на Транспаренси Интернешнел е на 106 место. На скалата од 0 до 100 поени ( 0 – најголем степен на корупција, а сто поени – најмалку корупција) има 35 поени. Што е за два поена помалку во споредба со минатата година.

Од балканските земји годинава подобри од Македонија се Косово и Босна и Херцеговина со 36 поени, Србија е со 39 поени, а Црна Гора со 45 поени. Албанија, како и Макеонија, има 35 поени.

На ранг-листата што организацијата Транспаренси Интернешнел ја прави секоја година, на врвот се Данска и Нов Зеланд со по 87 поени, а потоа следуваат Финска со 86 и Сингапур, Шведска и Швајцарија со 85.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.