За посетата на папата на македонскиот претседател во Рим, во медиумската делегација, заедно со Пендаровски беа поканети сите наcионални телевизии, освен „Алфа“, отенцираше новинарката Искра Коровешовска.

Се разбира, како што и се прави кога се организираат вакви посети, на трошок на државата, односно со нашите и ваши пари. Проблемот не е во тоа, оти секогаш ваквите посети така се покриваат финансиски, но зошто сите, буквално сите, но не и „Алфа“, која е национален медиум? Врз основа на кои критериуми Алфа отпадна?, прашува таа.

Вели дека овие прашања официјално ги испратила до сите од претседателскиот кабинет: до Миле Бошњаковски, Катерина Цаневска, Билјана Радева, Елена Старвова…

Никој не даде официјален одговор, а поминаа толку денови. Имав еден неофицијален одговор, нема да именувам од кого за да не му/ѝ неправам проблем, а одговорот е дека е направен пропуст и нè заборавиле. Да заборавиш една од само петте национални телевизии е за оставка на тој/таа што ја правел организацијата, веднаш! Не се работи за 50, туку за 5 телевизии од кои ти една пропушташ да ја викнеш. Значи, навреда е и за вашите интелегенции, драги вработени во кабинетот на Пендаровски, како и за мене и сите вработени во „Алфа“ дека сте „пропуштиле“ да нè викнете. Подобро кажете си ја вистината, веројатно ви беше страв од вистинските прашања до Радев и Пендаровски што „Алфа“ ќе ги поставеше, па едноставно не поканивте наш новинар. Да не заборавиме: на патување што го плативте со народни пари!, потенцираше Коровешовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.