Пет пациенти сместени во специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина во Скопје се заразени со Ковид-19, потврди за „Сител“ директорката на установата Д-р Салија Љатиф Петрушовска.

Според неа пациентите најверојатнo се заразени од вработени во установата бидејќи тестирањата на персоналот кој е ангажиран на тој оддел покажал присуство на вирусот кај три лица.

Двајца од пациентите кои имале потешка клиничка слика се префрлени на клиниката за инфективни болести, а другите тројца се сместени во детската болница Козле која во моментов функционира како втор Ковид центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.