Ќе има ли поостри мерки за Струга, по новите сучаи на заразени од корона во овој крај? После првите три позитивни случаи од корона вирус во струшко две од селото Горно Татеши и еден од селото Велешта, од кои една жена утрово на 66 годишна возраст починала пред да биде транспортирана на Инфективната клиника во Скопје, локалните власти најавуваат преземање на поригорозни мерки со цеп спречување на ширењето на заразата. Од струшката болница рекоа дека немаат инфектолог и дека од денеска ќе направат одеел за прием на сомнителните пациенти.

Ние имавме одлуки со предлог на градоначалникот за да се делат околу 3000 маски кои имат потреба за истите, другиот дел е да се затвори, пот итно, пазарот за стари работи. Ова недела гледаме како соработуваат граѓаните, па ако има потреба и зелениот пазар ќе се затвори наредната недела“, изјавил Дашмир Насуфи-член на кризен штаб општина Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.