Неготино ќе побара од републичкиот Кризен штаб дозвола за воведување полициски час на територија на општината на неопределено време, јавува Канал 5.

Полицискиот час се бара за спречување на ширењето на корона вирусот, информираа попладнево од неготинската локална самоуправа.

Било констатирано дека состојбата со корона вирусот била алармантна ,а бројот на активни случаи во моментов изнесувала 279.

Последниот биланс за овој град се 30 новозаразени. Покрај во Неготино, алармантна е состојбата и во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.