По денешното рочиште за предметот „Рекет„ стана дефинитивно јасно дека министерот за надворешни работи Никола Димитров меѓу првите знаел за рекетирањето бизнисмени од страна на СЈО. Сега е клучно прашањето дали тој го пријавил тоа, кога и каде?

Бизнисменот Зоранчо Митровски, веќе 12 години почесен конзул на Летонија во Република Македонија, за тоа што му се случува го известил летонскиот нерезидентен амбасадор, кој одржал средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. На неа, тој го известила министерот за тоа што му било пренесено од почесниот конзул.

По завршувањето на средбата меѓу нерезидентниот амбасадор и министерот, амбасадорот го известил почесниот конзул со СМС порака дека во иднина не очекува да има проблеми со СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.