Граѓаните немаат доверба во Владата на премиерот Зоран Заев. Заев ја држи констатно земјата во политичка криза со нефункционални институции и без напредок на меѓународен план.

Граѓаните не веруваат во институциите ниту пак дека пописот може да се спроведе со соодветен квалитет. Во анкета на МЦМС речеси 80 % од граѓаните сметаат дека земјата е во политичка криза а во однос на пописот 60,8 отсто не веруваат дека пописот на населението ќе се спроведе со соодветен квалитет. Над половина од граѓаните или 53,6 отсто односите со Бугарија се развиваат во негативен правец.

Мнозинството од граѓаните немаат довреба во Владата покажува анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка спроеведена од 17 до 24 март на 1.003 испитаници.
56,6 отсто од испитаниците се изјасниле дека немаат довреба во Владата додека од оние 42 отсто кои кои што веруваат во капацитетите на Владинито кабинет побројни се етничиките албанци со 61,8 отсто.

Три четвртини од испитаниците сметаат дека Македонија е во политичка криза. Според партиска припадност, најброни се симпатизарите на опозициската ВМРО – ДПМНЕ со 87,6 отсто и неопределните каде што процентот изнесува 79 отсто. За третина на испитаниците во анкетатат единствен излез од политичката криза се предвбремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.