Потфрлија делови на системот, потфрли МВР, потфрлија луѓе кои вршеа притисоци на денот на гласањето, рече Тони Коњановски во денешната дебата со противкандидатот од Битола, Христо Кондовски, на ТВ24.

Сето тоа што граѓаните го осетија како притисок го испорачаа токму на денот на изборите како резултат. Имаше притисоци на функционери, раководители, раководители на фирми на јавни институции потфрлија оние кои мислеа со притисок може да се купи љубовта честа и зборот, гласот на граѓаните! Потфрлија  оние кои ги потценија граѓаните нивната мудрост. Се потврди тоа што ние го знаевме. Оние кои мислеа со пари, со скапи кампањи може да ја купат нивната љубов и доверба. Тоа не е така воопшто повеќе се сликаа отколку  што презентираа проекти. Граѓаните знаат да препознаат што е одговорно чесно и домаќинско работење, потенцираше Коњановски.

Научив за мудроста на граѓаните, рече Коњановски, научив за храброста на граѓаните научив да продолжам по патот по кој започнав во првиот циклус.

Научив дека граѓаните не се пара за поткусурување нивната мудрост нивниот тивок глас е многу важен без притисоци и без нервози и за целата нивна мудрост која ја имаат во себе скромно достоинствено одлучно ќе ја искажат на денот на изборите и покрај сите нервози, притисоци, закани, рече Коњановски.

 

Потенцираше дека програмата на Кондовски е истата која СДСМ ја нудеше пред 4 години само со нова корица, а реализирана нула.

Го пребродија стравот. Повеќе не се плашат граѓаните. Ќе проценат дали вие сте новиот лик од истиот систем од истата матрица истата онаа матрица во изминатите 4 години понесена на крилата на огромен број гласачи кои ви ја дадоа довербата. Не го остваривте она што тие го очекуваа од вас и сега вие доаѓате со истата таа програма во нова корица спакувана со нов човек кој не убедува тука дека нешто ќе промени. Граѓаните многу добро оценуваат и го препознаваат тоа!, му порача тој на Кондовски.

Коњановски ги повика граѓаните да препознаат кој е со чесен и со чист образ и да се охрабрат да го дадат гласот за подобриот.

Битола е градот во кој сите заедно живееме и тука не станува збор за поделба на граѓаните. Станува збор за два концепти едниот концепт од едната страна кој покажал еве изминитатите 4 години што е тоа што може (ништо)и на централно и на локално ниво, а од другата страна е она што граѓаните го бараат од новата локална самоуправа работа. Тоа е чесност, чист образ да бидат сигурни дека локалната самоуправа ќе биде јавен сервис достапен за сите, без поделби на граѓаните, без фаворизирање на поединци, без правење притисоци. Ги повикувам граѓаните да го препознаат тоа, да се охрабрат уште повеќе. Битола е град и по своја чиста совест, свое убедување граѓаните ќе излезат и ќе одлучат за
подобриот!, рече Коњановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.