Гарантираме дека социјалната заштита ќе ја организираме според применети практики и искуства од европските градови, а социјалните услуги ќе ги моделираме според егзистенцијалните потреби на секој поединец, порача денеска кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски.

Гарантираме воспоставување социјално покровителство – патронажа која ќе им доставува услуги на возрасните наши сограѓани во нивните домови, заедно и во силно партнерство со граѓанските организации.
Гарантираме формирање Центар за работа со деца со попреченост.
Гарантираме Формирање кризен центар за деца и жени – жртви на семејно насилство и воспоставување СОС телефон за жртви од насилство.
На Битола и е неопходна и програма „Асистенти за независен живот“, помош за сите на кои им е потребна.
Гарантираме субвенционирање при вработувањето жени од ризични и социјално ранливи категори, обезбедување услови за нормален живот, а новата локална самоуправа ќе биде вистинска поддршка за оваа категорија наши сограѓанки. Тоа им го должиме и мора да им помогнеме.
Гарантираме обука за негователки на лица во домашни услови и сакаме да напоменеме дека даваме цврста гаранција, дека посебно внимание ќе обрнеме во вклучувањето во обуките на самохраните мајки.
И на крајот, гарантираме дека конечно ќе го ставиме во функција Економско – социјалниот совет, кој ќе биде наш вистински партнер во менувањето на социјалната структура во општина Битола, вели Коњановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.