Стотина учесници во неколку коњаници денес пристигнаа во Крушево и беа пречекани со погача, сол и вино, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски им посака топло добредојде.

Пристигнаа коњаници од неколку правци во државата и со тоа ја продолжуваме традицијата од неколку децении. Повикувам на заедничко и достоинствено одбележување на овој голем празник кој им припаѓа на сите граѓани, изјави градоначалникот Томе Христоски.

По пречекот на коњаницата во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ беа отворени изложбите „Крушевска одаја“ на здруженијата „Крушевска жена“, Здружение за угостителство и туризам“ и здружение за хумани односи, и „Уметнички мозаик“ на здружението АН – БЛОК“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.