Физички и кондиционо подготвени да го издржат четиридневното патување, 20 коњаници, меѓу кои и две девојки од здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“ од Горно Лисиче, од дворот на црквата „Свети Петар и Павле“ тргнаа на традиционалниот марш кон Крушево.

Од Долно Лисиче тие ќе се упатат во Велес каде што ќе преспијат покрај реката Тополка на отворено, оттаму ќе се упатат во селото Теово, потоа во Ропотово каде што ќе одморат во манастирот „Свети Атанасиј“ и потоа на 31 јули пристигнуваат во Крушево.

Меѓу коњаниците има и две девојки, Сашка Спасовска и Светлана Каровска, кои првпат учествуваат во оваа традиционална манифестација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.