ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи конгрес на 12 декември на кој ќе се избира претседател на партијата, во следниот период ќе има јавен повик за кандидат за новиот лидер, засега претседателот Христијан Мицкоски ужива најголема доверба.

На Централниот комитет вечерва е донесена одлука конгресот да се одржи во Скопје.

Во наредните денови ќе има јавен повик се разбира согласно статутот секој да си аплицира, оној што има шанси и што сака да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ се разбира ние како партија даваме целосна поддршка на претседателот и се надеваме секој што сака ќе може да се пријави, ќе биде јавно, транспарентно и ги повикуваме сите граѓани да не следат во следниот период, ќе има убави пораки од Централниот комитет, вели Мисајловски во гостувањето во Дневникот на телевизија Сител.

Тој додава дека очекуваат во следните денови да слушнат што ќе се случува со мнозинството на СДСМ.

Немаат ни договор со Алтернатива, дали ќе има нови пазари, во Македонија се е можно, но ние да си продолжиме по оној пат кој го тераме. Ние ќе си бидеме опозиција и ќе бараме брзи предвремени избори и се разбира со сите наши демократски алатки во брзо време ќе успееме, вели Мисајловски.

Додава дека ќе продолжат да комуницираат со сите партии и на локално ниво во многу општини каде победиле веќе имаат соработка.

Конгресот инаку ќе се одржи во спортската сала Јане Сандански.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.