Во демократска атмосфера, транспарентно и со огромно мнозинство делегатите на Првиот конгрес на Алтернатива денеска во вториот работен дел му доверија нов четиригодишен мандат на досегашниот претседател на партијата, Африм Гаши, соопшти вечерва Алтернатива. Во соопштението се нагласува дека „за изборот на Гаши гласаа високо мнозинство од присутните делегати на Конгресот.

Гаши потоа имал обраќање во кое се заблагодарил за довербата од делегатите и членството на партијата.

„На демократски начин Конгресот одлучи да ми довери нов четиригодишен мандат. Тоа е огромна чест, истовремено и одговорност. Сакам ова да биде успешен мандат не само за активистите и гласачите на Алтернатива, туку и за сите граѓани. Алтернатива станува еден од најсериозните политички субјекти во државата, со намера да придонесе во севкупните политички процеси, како еден од најконструктивните, најотворените субјекти кои мислат државотворно и сакаат да дадат придонес за добробитот на сите граѓани”, изјави претседателот Гаши по завршувањето на Конгресот.

Конгресот денеска нов Статут и новата Програма за периодот до 2026 голдина. Избрание се и нови членови на Централниот одбор, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.