Струмица ќе го добие првиот дом за стари лица, објави Струмица нет.

Познатиот угостителски комплекс „Цареви кули“ над Струмица се реновира во дневен центар за стари лица, каде ќе можат во текот на денот да престојуваат постарите струмичани, но и во дом за стари лица, за да живеат оние кои немат кој да се грижи за нив.

Во Дневниот центар ќе можат да престојуваат до 50 лица, додека во домот за стари лица капацитетот ќе биде до 30 лица. 24 часа ќе има постојано присуство на медицински сестри и овластени лица кои ќе дават грижа во текот на денот и ноќта, пишува порталот.

Како што дознава Радио СтрумицаНет, реновирањето на објектот е при крај и наскоро во почетокот на Новата 2020 година ќе почне со работа. Се чека на последните административни процедури и внатрешното уредување со мебел и инвентар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.