Нашата мајка штотуку беше силувана од 81 манијак, силувањето беше координирано од 1 организатор плус 1 директен помагач за надворешна употреба, плус 39 воајери, нејзини синови и ќерки, пишува навивачката група „Комити“ на својата официјална Фејсбук страница откако пратениците во Собранието ги изгласаа уставните измени со кои се менува уставното име на зeмјава.

Сите ќе одговараат пред судот на народот! Ни во гробовите нема да имаат мир, нивните имиња и презимиња ќе бидат погрдни зборови од најпоган вид, клетви од најстрашен вид, нивните ликови ќе бидат користени како карикатури, како црни ликови во човечката историја кои го продадоа својот род, калаштури врз чие тело е исфрлан секретот на најгнасното што постои и што го гази ова наше парче земја, секрет на душмани…

Не предадовте! Предавство не простуваме! Сега ќе се насмевнете, затоа што се чувствувате безбедни, но ќе се смени се наскоро…почекајте, ќе се уверите…Обединете се Македонци, сплотете се, Македонија ќе живее се додека има и еден Македонец!, пишуваат Комити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.