Навивачката група на Вардар – „Комити“ како и години наназад, така и овој 4. мај му одадоа почит на Гоце Делчев.

Во несекојдневни и вонредни услови, но со почитување на мерките за јавно здравје и претпазливост (носење маски, држење растојание, средства за дезинфекција…) не пропуштивме и годинава да се поклониме пред “Трговецот од Солун”.

Минута молк и изведба на една малку подзаборавена Македонска народна песна – Балада за Гоце, пред дворот на црквата заедно со браќата Војводи Тетово, предводени од ангелскиот глас на Фросина Пепоска. И Благодариме !

Извесен политички функционер, веројатно неинформиран(а) или погрешно информиран(а) од службите, дека Традиционално во исто време на исто место, секој 4-ти Мај во 12:00ч. положуваме цвеќе на гробот на Апостолот на Македонската национална борба во Црквата Свети Спас, не прозва дека сме биле Политички мотивирани.

Доаѓа на наш настан, во наш термин, кај наш Македонски јунак…Вчера го сквернави ликот и делото на Гоце, нарекувајќи го Бугарски Револуционер, а денес се поклонува пред истиот ! Какво лицемерие !

Ние сме тие што сме, не планираме да се промениме поради исквареноста на некои политичари, секогаш секој ќе го добива заслуженото, без разлика дали поради тоа ќе се обидат да не обојат во политичка боја. Нашите бои се црвено-црни за Вардар и нашата татковина е Македонија! Секогаш биле и секогаш ќе бидат, напишаа на социјалните мрежи.

Во несекојдневни и вонредни услови, но со почитување на мерките за јавно здравје и претпазливост (носење маски, држење…

Posted by Komiti Skopje on Monday, May 4, 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.