Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека од Комисијата за заразни болести не било побарано да каже термин, туку протокол за одржување на изборите.

Тоа што се бараше од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во однос на изборите е протокол за одржување на избори, односно тој медицински-епидемиолошки дел. Во ниту еден момент не се бараше од нас, ниту пак може да се бара термин за одржување на избори, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, додавајќи дека тие се надлежни да кажат во кој период на епидемиолошката крива сме, што се очекувањата и врз основа на што ги темелат, за да се одреди датумот на избори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.