Ако мислите на присуството на бугарската војска овде, тогаш тоа е јасно дефинирано, не само во нашата историографија, туку и во европската како окупација, вели Драги Ѓоргиев претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија во изјава за „ТВ24“.

Тој вели дека тоа е формално правно окупација и тоа не може поинаку да се дефинира, ставот на македонскиот дел од Комисијата е едногласен и не доаѓа во прашање.

Го окупира овој дел од територијата како коалиционен партнер на силите на Оската, вели тој.

Претходно тој не сакаше да се осврнува поединечно на ставовите изнесени од премиерот Зоран Заев во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, но во изјава за „Дојче веле“ рече дека Комисијата треба да биде оставена да работи без мешање и притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.