Го сменила Холандија името или не, нам ништо не ни менува. И онака нашата комедија од дипломатија и очаен протокол нема да ја сменат навиката да ги навредуваат другите држави во светот. Се почна од посетата на австрискиот канцелар Сепабстијан Курц и од австриското знаме и никако да запре.

Благодарност до Јемен што Холандија го ратификуваше пристапниот протокол за Македонија во НАТО

Пред малку, последен, се изрезили заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски. Сакајќи да ги следи модните трендови на социјалните мрежи, наместо со зборови, се обиде со сликиќки да ѝ се заблагодари на Холандија што го ратификувала протоколот за НАТО. И ја утна работата. Но, ја утна до толку што иако половина час подоцна му сугерираа дека знамето е на Јемен, а не на Холандија, и час по објавата дипломатот не извршил исправка. Можеби е убеден дека е во право. Кој знае…

Кога ќе се соберат и одземат дипломатските навреди што од ракав му ги тресеме на светот, не само што не треба да не чуди што Европа не не сфаќа сериозно, туку треба да не радува што се уште не не избркале од ОН. За уши и на клоци. Зашто власта ни е срам за дома, а навреда за надвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.