Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генералот Тод Волтерс, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, врховниот командант на сојузничките сили за Европа, генералот Волтерс, ќе има официјални средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.