Поранешниот пратеник и висок член на ДУИ, Хајрула Мисини во изјава за весникот ,,Љајм”, истакна дека од денес тој веќе не е дел од оваа партија.

Почитувани граѓани, јас сум шокиран и очаен … Ја информирам јавноста дека од денес не сум член на Демократската унија за интеграција и која било политичка партија. Исто така, им се заблагодарувам на сите оние со кои сум соработувал цело време додека бев дел од раководството на Демократската унија за интеграција! – вели Мисини во неговата пишана изјава.

Хајрула Мисини два мандата беше пратеник на ДУИ а во 2001 година бил дел од ,,УЧК”, со прекарот командант Шпати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.