Апелацискиот суд вчера ја потврди првостепената пресуда за случајот „Диво Насеље“, односно сега и правосилно се осудени обвинетите, од кои седумина на доживотен затвор. Покрај осудените на доживотен затвор, за терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље, 13 обвинети добија казна од 40 години затвор, по 20 години добија петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години. На ваквата пресуда преку Фејсбук реагираше Командант Малишева од „Кумановската група“.

Неговиот целосен фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:

„Забелешка :

Денеска Aпелациониот суд уште еднаш ги потврди нашите казни и уште еднаш оваа држава докажа дека нема правда за нас Албанците, ниту кога беше Груевски ниту сега кога е Заев, двајцата се исти.

Почитуван Албански народе, ние се уште сме сведоци на неправда убивајќи не по втор пат, до ден денес сето тоа било само една политичка игра на лидерите на нашата држава затоа што тие ништо не превзедоа за да воспостават правда!

Оваа држава конечно треба да се подели еднаш засекогаш и ве повикувам сите да работите до поделбата за делот на Илирида и нејзино обединување со Албанија.

Ние за никава цена нема да прифатиме да се префрлиме во Косово поради неправедно осудената казна и да ги оставиме нашите браќа од Илирида сами.

Уште еднаш победија про-руските сили !

Бог да го благослови Албанскиот народ“

 

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.