По интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС во ноември 2020 година, Заев беше соборен од внатре, од неговата партија, од неговите елити – не му простија зближувањето со Бугарија, затоа што СДСМ традиционално е бугарофобна партија, повеќе од ВМРО ДПМНЕ“, вели професорката Катерина Колозова за бугарската агенција БГНЕС.

Од јавната дебата за уставните измени (фото: Влада на РМ)

СДСМ на Заев беше единствен феномен, а неговите космополитски поддржувачи во партијата беа малку. По изречената „ерес“ таа вечер – „Бугарија не е фашистичка, туку братска земја“ – се разбуди Левијатанот на СДСМ, па дури и Бранко Црвенковски воскресна од мртвите.

Некогашната прва перјаница на власта смета дека ова било ликвидација на Заев од разочараните Бранковисти, клиентелисти и пред се бугарофоби од СДСМ, поддржани од ДПМНЕ, вели Колозова во својата анализа за поразот на владејачката коалиција на локалните избори.

За новата градоначалничка на Скопје,Данела Арсовска, вели дека „дете на Бранкоизмот“ од полициско семејство чиј татко бил полицаец за време на грдата транзиција на Бранко Црвенковски.

Не зборувам за теории на заговор и „тајни сили во тајните договори“, туку политички профили: Црвенковски, МАНУ и еден куп разочарани потомци на поранешната номенклатура, чиј природен производ е Арсовска. Што се однесува до црната кампања поврзана со нејзиното бугарско државјанство – тоа беше нечија (намерна?) грешка и плакатот беше отстранет за помалку од 60 минути. Сè друго беше гломазен ПР. Иронијата е што најголемите бугарофоби се повампириле и решиле да ја бранат по цена на нејзиното „несакано“ двојно државјанство – непринципиелна пропаганда.

 

Една од целите беше да се спречи Заев да не зближи со Бугарија. „Коруптивните“ тиради на втората најбогата партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ, не заслужуваат ни коментар – вели Колозова за БГНЕС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.