Европската унија во текот на вчерашниот ден презеде чекори за враќање на патните ограничувања поради пандемијата на ковид за САД и уште пет други држави, меѓу кои и Македонија.

Според пишувањата на Дојче Веле, поради се повисоките дневни бројки на новозаразени, Македонија, како и Косово, Црна Гора, Израел. Либан и САД повторно ќе се најдат на т.н „црна листа“ со која се ограничуваат патувањата на граѓаните.

Процедурата за одлуката започнала, а се очекува денеска да биде потврдена доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.

Критериумите според кои се одредува дали граѓаните на некоја земја ќе можат туристички да патуваат во ЕУ ја опфаќаат актуелната епидемиолошка состојба и генералното справување со Ковид-19, како и квалитетот на информациите и изворите на податоци.

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно т.н не-есенцијални патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето, наведува Дојче Веле.

Оваа вест ја прокоментира Катерина Колозова, која на Министерот за здравство Венко Филипче му порача:

Со кој памет отварате сезони на масовни собиранки – да, свадбите пред сѐ, сами си кажавте – за да се најдеме на ова дереџе. А ние од дома неизлезени со сертификати во гранапи да влегуваме. Од земја да не излеземе.

Сите конференции онлајн. Да ти се плукнам. Мењај Филипче, мењај советници. Донеси го Haris Babačić , увези знање оти – не знаете како.

И пак, менаџирање на криза е креирање политики на управување – ви требаат логистичари, социолози, полиси стидии, и друг сличен профил.

Овој пораст и повторниот затвор во кој сме ставени е резултат на тоа. Човеково право е да се венчаат, масовните прослави, во вакви услови, не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.