ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција постави неколку прашања, на коишто, како што велат, очекуваат одговор и од СДСМ и од надлежните институции за милионските тендери кои ги добива приватна агенција за обезбедување од Струмица.

Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, уште еднаш потсети дека Агенција за обезбедување земала тендери во висина од над 21 милион евра за само 2 години. Од партијата се сомневаат дека профитот е делен со семејството Заеви и СДСМ.

17 милиони евра тендери од универзалниот снабдувач за електрична енергија легнале на контото на струмичката агенција за обезбедување, а за сметка на тоа денес граѓаните имаат покачена електрична енергија. Уште 4 милиони евра оваа струмичка фирма земала од државата за услуги за обезбедување, некаде и во абнормални услови каде што самите институции имаат чуварски служби, а сепак агенцијата за  обезбедување земала тендер за да ги обезбедува тие институции, појасни Арсовски.

Арсовски праша, колку болници ќе се реконструираа со овие 21 милион евра? Колку градинки и училишта ќе се реновираа и изградеа нови со овие 21 милион евра кои што легнаа во џебот на една фирма, односно го поделија профитот Заеви? Со 21 милион евра ќе се купеле десетици и десетици болнички возила кои секојдневно недостасуваат, а СДСМ ги ветуваше пред да дојде на власт? Дали знаат дека со над 21 милион евра ќе можеле да пратат стотици граѓани на лечење во странство меѓу кои и деца?

Со 21 милион евра може да се набројат уште стотина работи кои можат да го подобрат животот на граѓаните или пак да спасат нечиј живот, бидејќи тоа се парите на граѓаните, но очигледно алчноста и криминогените дејанија преовладуваат во СДСМ и кај Зоран Заев и кај неговото семејство, коишто делат вакви профити, па поважен му е личниот џеб, отколку граѓаните, рече Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.