Откако Македонија не доби датум за преговори со ЕУ, колаиционите партнери на СДСМ и Заев почнаа да го напуштаа бродот што тоне. Тие почнале да преминуваат во „Коалицијата за обнова за Македонија“. По средбата со коалиционите партнери, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека разговараат со некои од нив и ќе станат дел од „Коалицијата за обнова на Македонија“. Најмалку две партии кои се коалициони партнери на Заев планираат да ја напуштат неговата коалиција.

На новинарско прашање, Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ разговара и преговара со политички партии кои што се дел од коалицијата на Зоран Заев и СДСМ за да станат дел од „Коалицијата за обнова на Македонија“.

Да имаме комуникација и со други политички партии за да се приклучат на коалицијата, некои од тие политички партии ги видов вчера во друштво на Зоран Заев, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.