Во соработка со месната заедница од с.Црквино започната е реконструкција на две улици во селото, во вкупна должина од 450 метри. Денес направив увид на градежните активности за подготовка пред асфалтирање, каде се прави ископ, кршење на карпа, планирање и валирање на подлога и распостилање на тампон.

Со подобрување на временските услови ќе се отпочне со работа и на други предвидени улици во Велес и околните села. Општина Велес и јас како градоначалник остануваме посветени на целта за добросостојба на сите жители на Општината, напиша на Фејсбук, Марко Колев, градоначалникот на Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.