Кирил Колемишевски, Елизабета Наумовска и Неџад Мехмедовиќ се нови заменици-министри во Владата откако пратениците гласаа попладнево на 110-тата седница која почна вчера.

Во ресорот економија за заменик-министер е избран Колемишевски со 62 пратенички гласа „за“, 13 против и без воздражни. Наумовска ќе биде заменик во Министерството за образование и наука и е изгласана со 63 „за“, 15 против и без воздражни, а Мехмедовиќ, кој ќе биде заменик-министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, доби 61 глас „за“, 13 не го поддржаа и немаше воздржани.

Во расправата попладнево опозициските пратеници немаа забелешки за биографиите на предложените за заменици, но сметаат дека го немаат потребното искуство за ресорите во кои ќе бидат одговорни. Не ги критикуваа персоналните решенија, но беа остри во критиките за секторите во кои се назначуваат – образование и економија.

За образованието опозициските од ВМРО-ДПМНЕ како аргумент го имаа отвореното писмо-оставка на претходниот заменик Петар Атанасов кој кога се повлече од функцијата во јуни наведе дека не се остваруваат планираните реформи во образованието. Во реплика премиерот Зоран Заев, како и пред три месеци, повтори дека Атанасов дал оставка зашто не му била исполнета желбата да биде назначен за министер.

На обвинувањата за ниските плати на наставниците и најавата на СОНК за штрајк, Заев одговори дека со зголемувањето од 5 отсто лани и нови 5 проценти од овој септември, платите им се зголемени повеќе отколку во претходните 11 години во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека стои на располагање за разговори со синдикатот и дека го почитува правото на штрајк, но апелираше наставниците да не ги разочаруваат учениците на првиот училишен ден.

-Во 2017 затекнавме 20.500 денари плата. Потоа таа стигна 21.600 со покачување и сега со ова зголемување ќе биде 22.800 денари. Продолжуваме и натаму да изнаоѓаме ресурси за зголемување на платите. Сè што можеме ќе направивме. Можевме наместо да плаќаме огромни долгови што ги наследивме, да делиме повисоки плати, рече Заев.

Седницата заврши со изгласувањето на вицегувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија. Фадил Бајрами е избран без расправа и со 76 пратенички глаасови „за“ и еден против.

На 110-тата седница претходно денеска беа избрани и двајца нови министри – Нина Ангеловска за финансии и Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клим

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.