Да може да ги чуе ставовите на Денко, Глигоров по трипати дневно ќе се превртува во гробот, народски речено, вели новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски во својата последна колумна.

Професорот Денко Малески и политичарот Стојан Андов во повеќе статии што ги објавуваат на портали или во весници го спомнуваат името на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Евоцирајќи спомени од времето кога работеле заедно, кон крајот на деведесеттите години од минатиот век, своите погледи за некои тогашни актуелни прашања и ситуации ги вплеткуваат и оценуваат во денешната политичка конјунктура, не водејќи премногу сметка за вистината и за реалните историски околности. Немам намера да полемизирам, ниту имам намера да го бранам претседателот, само сакам да појаснам некои нешта, за да не се стекнува погрешен впечаток, како што се стекнува читајќи ги нивните наводи. Го имам тоа право, бидејќи со Глигоров сум контактирал многу често во текот на цели девет години и сум водел разговори за темите што ги наметнуваат Малески и Андов, а тоа се името на државата и односот на претседателот кон Албанците во Македонија. Притоа, не инсистирам дека моите мислења се најмеродавни, тие се само обид да се намалат извртените, лажните или измислените, кои значат подлизување на сегашната власт, а истовремено значат критика за првиот претседател, пишува Колемишевски.

Целата колумна на „Нова Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.