Централната комисија за здрaвство на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кичево одржа седница. Се разговараше за актуелни теми од општата состојба во здравството, преку корона ситуацијата, како и ситуацијата со модуларните болници.

Голем број на доктори на овие локални избори или беа, односно се избрани за градоначалници, или се најдоа на листите за советници. Тоа покажува дека освен битката со корона, фелата од здравствотво ја поведе и оваа „битка“ на локалните избори. „Битка“ која води кон здрава, соодветна животна средина средина за граѓаните.

Освен членовите на Комисијата присуствуваа и претставници на ОК Кичево, гости. Присутните му дадоа поддршка на кандидатот за градоначалник на Кичево, доктор Александар Јовановски.

На седницата стана збор за актуената состојба во здравствениот систем, со особен осврт кон фактот што бројката на починати од корона надмина 7 илјади. Со ова Македонија се рангираше на трето место по починати на светската листа и на второ на европската.

На Комисијата се разговараше и за истрагата во врска со модуларната болница во Тетово која изгоре, а изгореа и 14 лица, како и за модуларната во близина на Инфиктивна клиника во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.