Светлана Колариќ, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје истакнува дека проблемот со немањето конкретни мерки не е само кај градоначалникот Шилегов туку проблемот е заеднички на владата и Шилегов, а и на останатите градоначалници на општините во градот Скопје.

-Граѓаните знаат дека од буџетот за 2020 година кој што е 3,8 милијарди евра, на државно ниво, само 19 милиони евра во 2020 година, односно 0,5% се издвоени за заштита на животната средина. Земете ги статистиките од 2018 и 2019 година и ќе видите дека на крајот на 2018 година по медиумите кажаа дека е направен план за чист воздух, а беа планирани само 1,5 милиони евра што навистина претставува смешна сума, која не е ни за спомнување кога ќе споредам дека околу 1,5 милиони евра оваа влада одвои токму за лубриканти, потенцира Колариќ за МТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.