Премиерот во заминување Зоран Заев за дополнителен заменик-министер во МВР ја постави Славјанка Петровска, досегашен шеф на Кабинетот на Оливер Спасовски.

Петровска е долгогодишнен истакнат активист на СДСМ, која јавно ja критикуваше минатата власт преку социјалните мрежи, но како шефица на Кабинетот на Спасовски, не може да се пофали дека на дело дејствувала нешто да се промени.

 

И како и многумина други активни партиски поддржувачи, така и Славјанка Петровска, од Заев добива награда-унапредување во работна позиција. Од шеф на кабинет, таа станува дополнителен заменик министер во МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.