Политичарката Фросина Ременски и член на владејчаката СДСМ, новинарките Искра Новаковска, Санта Аргирова, директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорги Галетановски, академик Катица Ќулавкова се меѓу присутните на конститутивната седница на невладината организација Меѓународен сојуз Скопје на Бојан Јовановски, познат уште и како Боки 13.

Пред почетокот на седницата мајката на Јовановски, Јасминка ги читаше имињата на присутните. Имињата на новинарите Борјан Јовановски од НОВА и сега веќе поранешниот уредник на 24 вести Огнен Јаневски беа прочитани, но тие не присустувале на седницата.
Во продолжение, погледнете го видеото од основчката седница на Меѓународниот сојуз Скопје кој требал да се занимава со изградба на т.н. европски центри за возрасни лица и мобилни сервиси на териториите на македонските општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.